wordpress counter

Топ диети за 2012 година (2 дел)

Во првиот дел ги набројавме сите 5 диети за кои се верува дека ќе владеат со светот на диетите оваа година. Започнуваме со првата диета или „DASH“ диетата.

Оваа диета е позната и како кралица на диетите. Од нутритивна гледна точка, таа ги осигурува сите неопходни состојки и е мошне квалитетна. Првично била замислена како диета за сите луѓе кои патат од повисок крвен притисок.

Нејзината основа е ограничен внес на маснотии, особено заситени масни киселини и сол. Тоа значи дека од менито треба да се отфрлат масните меса и производи со поголем удел на масти во нив, како што се млекото и млечните производи со поголема масленост. Внесот на птичје месо и плодови од морето мора да се ограничи на 3 пати неделно.

Менито се темели на житарки и мешунки и секако голем акцент е ставен врз свежиот зеленчук и овошје. Се препорачуваат барем десетина порции неделно. Од десертите, дозволени се незасладени компоти, пудинг, овошни јогурти со помалку маснотии.

Главните оброци во текот на денот се три, а меѓуоброкот се препорачува секогаш кога ќе почувствувате глад. Можете да каснете овошје, јаткасти плодови или интегрални бисквити. Внесот на сол не смее да биде повеќе од 5 грама, односно една мала лажица.

Доколку се решите за оваа диета, мора да се биде стрплив, затоа што резултатите не се веднаш забележливи, но затоа имаат долготраен ефект. Ако сакате побрз ефект, вклучете во програмата и лесни физички вежби во траење од 15-тина минути дневно.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Неверојатни факти за храната (3 дел)

Продолжуваме со оваа навистина интересна статија во која може да прочитате факти кои ќе ве остават без зборови. Токму како...

Close