wordpress counter

Топ диети за 2012 година (3 дел) – „TLC“ диета

„Therapeutic Lifestyle Changes“ (TLC) диетата има поволно дејство врз здравјето на срцето и крвните садови и дава ефикасни резултати при нејзиното спореведување. Единствена маана е што малку е посложена и поради тоа е потребна стручна помош.

Основните насоки на оваа диета се:

• внесот на заситени масти да биде околу 5% од вкупниот енергетски внес;
• вкупниот внес на масти да биде до 30% од вкупниот енергетски внес;
• внесот на натриум да не надминува 2.400 мг дневно;
• внесот на холестерол да не биде над 200 мг дневно.

Оваа диета пропагира смалување на внесот на заситени масти во организмот. Затоа, забранува консумирање на полномасни млечни производи како што е путерот и сувомеснати производи. Холестеролот не смее да надминува 200 мг дневно, што е количина во 60 гр сирење.

Со оваа програма се внесува изобилство овошје, зеленчук и интегрални житарки. Втората група на производи кои се консумираат се млечните производи со ниска масленост, риба и месо од птици. Секако, да не ја заборавиме и физичката активност, која би требало да биде лесна и да се практикува секој ден по 30-тина минути.

„TLC“ диетата е одлична за оние што имаат вишок килограми и предиспозиции за кардио заболувања или тие заболувања веќе настапиле. Корисна е и како превенција за дијабетес. Со оглед дека оваа диета не може да има опасност по здравјето, се препорачува и на деца и адолесценти.

Related Posts with Thumbnails