wordpress counter

Топ диети за 2012 година (4 дел) – диета на клиниката „Мајо“

Во претходните делови зборувавме за „TLC“ и „Dash“ диетите. Денес дојде на ред диетата на клиниката „Мајо“ од САД. Оваа диета е всушност слабеење со уживање во храната.

Диетата на оваа клиника е одличен начин на стекнување на правилни прехранбени навики кои долгорочно ќе остварат позитивни промени во здравјето и изгледот. Суштината на оваа диета е пирамидата на правилна исхрана, со посебен акцент на видот на продукти, а многу помалку значење се посветува на количината на консумираните продукти.

Важен дел се интегралните житарки за кои се препорачува 4-8 порции на ден. Како извор на протеини се препорачува и внесот на немасно месо, риба и млечни производи. Се препорачува 3-7 вакви оброци во текот на денот. На самиот врв на пирамидата (најмала консумација) се мастите и десертите.

Голема важност при планирањето на оваа диета се посветува на физичката активност, која се наоѓа во самиот центар на пирамидата. Препораката се состои од 30-60 минути секојдневно вежбање.

Оваа диета е врамнотежена и разновидна, а дополнителен плус е и фактот што тера на уживање во храната наместо во откажување од неа. Слободно може да се каже дека станува збор за животен стил, односно диета која дава резултати на долг рок. Оние нестрпливите воопшто нека не ја пробуваат.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Сол добиена од човечки солзи

Верувале или не, во Лондон може да се купи сол добиена од човечки солзи! Чини 7 фунти (околу 550 денари)...

Close