wordpress counter

Топ диети за 2012 година (5 дел) – Медитеранска диета

Денешната статија ја посветуваме на Медитеранската диета. Оваа диета не само што ќе ви помогне да го намалите бројот на килограми, туку и ќе ве однесе во длабока и здрава старост. Станува збор за најквалитетниот начин на исхрана денес познат.

Во основата на оваа исхрана се наоѓаат житарките (леб, тестенини) и комири. Потоа, следат овошјето и зеленчукот. На трето место e немасното месо, рибата и морските плодови, млекото и млечните поризводи, јаткастите плодови и мешунките. На самиот врв на пирамидата на исхрана се мастите и слатките, кои треба најмалку да се консумираат.

Од месо се препорачува пилешко и мисиркино, риба треба да се јаде три пати неделно, а јадењата треба да се консумираат со маслиново масло. Во секое јадење мора да има зеленчук. И да не заборавиме – се препорачува 2 дл вино со оброк.

Related Posts with Thumbnails