wordpress counter

Топ диети за 2012 година (6 дел) – „Weight Watchers“ диета

Со оваа диета го завршуваме серијалот за најдобрите диети за 2012 година. „Weight Watchers“ диетата е чиста класика. Измислена пред 50 години, се темели на систем на бодување, кој му овозможува на поединецот сам да ги одбира своите оброци.

Во овој систем на бодови, зеленчукот и овошјето носат 0 бодови, немасното месо, рибите и житарките по 2 бода, додека продуктите богати со масти и десертите носат најмногу бодови. Кај оваа диета не постојат забранети продукти, така што може да се почестите и со „забранета“ храна. Претпоставувате дека на дневна база треба да имате помалку бодови.

Оваа програма е едноставна и флексибилна и овозможува постепено и квалитетно слабеење. Сепак, бара голема дисиплина, со цел бодовите да се трошат на нутритивно вредна храна. Така, ќе можете да јадете повеќе, а поквалитетно.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Анкета: Кој македонски бренд на вино сметате дека е најдобар?

Македонските вина се со одличен квалитет, вкус, произведени според најнова технологија и „know-how“. Со оглед дека имаме со што да...

Close