wordpress counter

Топ летни продукти

Додека температурите ретко паѓаат под 30 степени, навистина е тешко да влезете во кујната и да готвите. И наместо во таков случај да земете нешто што ви е прво при рака, подобро е да го испланирате оброкот на тој начин што ќе ги искористите најдобрите продукти за летниот период кои имаат висока нутритивна вредност. Тоа се доматите, шкампите и школките, тестенините и супите.

Доматите делуваат освежувачки и имаат многу течности. Со малку морска сол, босилек и маслиново масло ќе добиете одличен оброк. Општо земено, овошјето и зеленчукот се одличен извор на витамини и минерали. А, она што е најважно е дека го има во изобилство во овој период. Доматите содржат и ликопен, кој штити од сончеви зраци.

Од друга страна, шкампите и школките се одличен извор на протеини и одлично се комбинираат со зеленчук, тестенини и житарки. Тестенините (особено оние од ориз) имаат многу помалку калории од обичните и имаат висок удел на проетини. Се подготвуваат едноставно и брзо и може да се комбинираат на безброј начини.

Супите нѐ снабдуваат со дел од потребното количество на течности кои треба да ги внесеме во летниот период. Може да се јадат и топли и студени, а најдобри се оние на база на зеленчук.

Related Posts with Thumbnails