wordpress counter

4 минути дневно за супер тело

Според бројни истражувања, утврдено е дека вежби кои траат само неколку минути дневно може да имаат исто влијание како и повеќечасовно вежбање со вообичаен интензитет.

Овој тренинг е мошне едноставен. Можете да се качите на домашен велосипед, една минута се загреавте и потоа 20 секудни возите најбрзо што можете. Истото треба да се повтори уште два пати.

Ако го прифатите овој начин, во текот на една недела ќе потрошите 7 минути на интензивно возење и 21 минута на загревање. Со овој тренинг се активираат 805 мускули, додека при одење, џогирање или возење велосипед во надворешни услови – 20-40% од мускулите во телото. Сепак, овој тип на тренинг не е за секого. Доколку утврдите дека нема напредок, тогаш продолжете со вообичаените вежби.

Идејата на оваа програма е кратко, но интензивно вежбање. Со тоа се разградуваат залихите на шеќери, поточно гликозата во мускулите во облик на глукоген. Кога тој ќе се разгради, во мускулите се ослободува простор за прифаќање на дополнителна глукоза која со наредните вежби ќе се пресели од крвта во мускулите. Второ, се подоборува делувањето на инсулинот. Овој хормон служи за отстранување на шеќерот од крвта и контрола на маснотиите.

Најпознот ваков метод е „табата“. Се темели на 20 секунди многу интензивно вежбање, по што следува пасивна пауза од 10 секунди. Тоа се повторува 8 пати и вкупно трае 4 минути. Спроведувањето на овој метод доведува до забрзување на метаболизмот во следните 24 часа, поради поголемата потреба за кислород, состојба во која се наоѓа телото по спроведувањето на овој тренинг.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Тајни состојки кои го подобруваат вкусот на храната

Претпоставуваме дека понекогаш ви досадува еден ист вкус или продукти. Затоа, денес ви предлагаме да испробате неколку различни комбинации со...

Close