wordpress counter

4 недели до цврст стомак (1 дел)

Четири недели се сосема дово­лен период за да го зацвр­стите вашиот сто­мак и пов­торно да се чув­ству­вате добро во сво­јата кожа. Оваа про­грама не опфаќа само вежбање, туку и пои­на­ков начин на раз­ми­слу­вање, исхрана и масажи.

Овој план треба да помине три фази:

Аеробно загре­вање – опфаќа трчање, возење вело­си­пед, брзо одење, пли­вање. Се прак­ти­кува секој втор ден.
Изо­ме­трички и изо­то­нични вежби – вежби за сто­мак по ваш избор, секој ден.
Вежби на истег­ну­вања и опу­штање — се изве­ду­ваат секој ден.

Прва недела
Деток­си­ка­ција – нај­до­бро е да се спро­ве­дува во про­лет и лето. Кон­су­ми­рајте свежо овошје и зелен­чук, со цел да ја вне­сете потреб­ната коли­чина на вита­мини и мине­рали. При­мер: деток­си­ка­ција која трае од 1–3 дена кога пиете сокови од овошје и зелен­чук, кои си ги под­го­тву­вате самите, или ги нара­чу­вате во Caramelo™.

Ако имате нека­кви здрав­ствени про­блеми, пред деток­си­ка­ци­јата кон­су­лти­рајте се со лекар.

Вежбање – Во првата недела, аероб­ните вежби нека ви траат нај­ма­лку 15 минути. Што се одне­сува до изо­ме­трич­ките (ста­тички) вежби, одбе­рете 10 вежби. Начин на изве­ду­вање – зазе­мете поло­жба и вежбата нека трае 6 секунди. Потоа, секој ден зго­ле­му­вајте го тра­е­њето за 1 секунда, сѐ додека не дој­дете до 10 секунди. Вре­мете на одмор помеѓу вежбите нека биде двојно повеќе од колку што трае вежбата. Ако трае 10 секунди, тогаш одмо­рете се 20 секунди пред след­ната тура.

Опу­штање – вежбите завр­шете ги со истег­ну­вање на сто­мач­ните мускули.

Пилинг – пилин­гот ја сти­му­лира цир­ку­ла­ци­јата, ги ели­ми­нира штет­ните наслаги, го отстра­нува целу­ли­тот и ово­змо­жува сјајна кожа. Солта е едно од нај­до­брите сред­ства за пилинг, кој би тре­бало да го пра­вите два пати неде­лно.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Вежби