wordpress counter

Каква храна за поголеми мускули? (1 дел)

Поголемите и убаво изградените мускули бараат и соодветна исхрана. Особено протеините играат важна улога во тој процес. Но, овој процес е сложен и комплексен и бара многу повеќе од само протеини. Затоа, ви предлагаме неколку типови на храна која треба да се консумира, за да имате поголеми мускули.

Бадеми
Едeн од плодовите кои се преполни со протеини. Само ¼ шолја бадеми содржи 8 грама протеини. Покрај тоа, бадемите се одличен извор на монозаситени масти и магнезиум. Магнезиумот е минерал кој учествува во преку 300 различни биохемиски реакции во телото, особено при синтеза на протеини.

Остриги
Остригите се вистинска тајна, дури и за боди-билдерите. Само 100 грама од овој производ носи во себе 20 гр протеини и само 5 гр масти. Покрај тоа, тие имаат повеќе цинк од која било друга храна. Цинкот е еден од оние минерали кои се мошне значајни за синтеза на протеини и посредно на растот на мускулите.

Чоколадно млеко
Млекото нѐ снабдува со неопходните аминокиселини и тоа го прави без многу маснотии. Затоа е значајна храна за секој кој сака поголеми мускули. Освен тоа, со вкус на чоколадо, претставува и вкусен оброк.

Месо
Црвеното месо, а особено меленото говедско месо е одличен извор на протеини. Само 100 грама од ова месо содржи 27 гр протеини. Ова месо се разликува од другите меса и по енормната содржина на минерали и витамини – Б12, цинк и железо. Сите еднакво важни за изградба на мускулите.

Related Posts with Thumbnails