wordpress counter

Каква храна за поголеми мускули? (2 дел)

Во првиот дел го разгледавме влијанието на бадемите, остригите, млекото и месото врз изгледот на нашите мускули. Списокот го продолжуваме со уште неколку видови храна кои делуваат на зголемување на мускулите.

Соја
Без оглед дали е тофу, едамам или соја млеко, бенефитот е голем. Сојата е буквално пакет полн со протеини. Една шолја соја содржи 20 гр аминокиселини. На тој начин, сојата е еден од најздравите начини на исхрана за зголемување на мускулите.

Јајца
Покрај тоа што лесно се подготвуваат, јајцата се клучна компонента за изградба на мускули. Секое јајце има 5-6 гр протеин и многу малку калории. Но, не е битна само количината на протеини, туку и типот на протеини. Протеините од јајцата се сметаат за најкорисен тип на протеини, со највисока биолошка вредност во споредба со другите видови храна.

Пилешко месо
Пилешкото месо е основна храна за градење на мускули. Само 100 гр од ова месо има 31 гр протеини и само 4 гр масти. Така, ако гледаме на односот помеѓу протеини и масти, тогаш ова е навистина суперхрана. Да не напоменуваме дека вкусот е одличен.

Риба
Моќна храна богата со сите неопходни состојки за изградба на мускули. Лососот, на пример, има 25 гр протеини во 100 гр месо. Покрај протеини, има монозаситени масти, омега-3 масни киселини и витамин Д.

Related Posts with Thumbnails