wordpress counter

Неуробик – антистрес тренинг за 15 минути (3 дел)

Претходно ги разгледавме основите на модерното опуштање, познато како неуробик и споменавме две мошне ефикасни вежби во борба против заморот, незаинтересираноста, стресот и емотивната празнина. Станува збор за две вежби – движења со отклони и ритмичка координација. Комплетот со вежби го завршуваме денес, со уште две супер вежби.

Кружни движења со стапалата
Легнете на грб. Кренете ги нозете и затегнете ги стапалата. Активирајте ги стомачните мускули. При вдишување, замислете дека сакате што повеќе да се истегнете со рацете и со стапалата како да сакате да го допрете таванот. При издишување, отворете ги стапалата кон надвор и спуштете ги рацете покрај телото. Потоа, направете круг со стаплата во една насока, а со рацете во спротивната.

Направете движење како со рацете да пливате, а со стапалата движете се како да имате брод со пропелер. Повторете ја вежбата уште еднаш. Со оваа вежба се поттикнува циркулацијата на крвта и лимфата.

Дишење во седната положба
Седнете на земја и прекрстете ги нозете. Рацете слободно пуштете ги покрај телото. Со затворени очи, направете неколку вдишувања и издишувања. При вдишувањето, замислете  дека сте на врв на планина и сакате да го наполните цело тело со свеж воздух.

И понатаму сте со затворени очи. Споите ги лопатките и извлечете ги градите кон напред колку што можете повеќе. При издишувањето, со раката фатете го спротивното уво и отклонете ја главата истегнувајќи ги мускулите на вратот на една страна. Повторете со отклон и на другата страна. Оваа вежба ќе ве смири и ќе ве опушти.

Related Posts with Thumbnails