wordpress counter

Вежбање во теретана (2 дел)

Со разу­ба­ву­вање на вре­мето, сите сакаме да се вра­тиме во форма и да ја вра­тиме лини­јата која сме ја имале мина­тото лето. Во првиот дел видовме која е нај­го­ле­мата гре­шка при вежба­њето во тере­тана, а сега ќе ги раз­гле­даме при­чи­ните зошто жените се пла­шат од вежбање во тера­тана и што да пра­ват ако не ја сакаат гужвата во теретаните.

ЗОШТО ЖЕНИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ТЕРЕТАНИ?
При силните тре­нинзи се тро­шат повеќе кало­рии и при­тоа се зго­ле­мува муску­лната компо­нента која мета­бо­лички гле­дано е активна (троши енер­гија) и започ­ну­ваме да забе­ле­жу­ваме дека нашата фигура е постег­ната и подо­бро обликувана.

Жените не би тре­бало да се пла­шат од вакви тре­нинзи. Муску­лната маса која се создава при такви тре­нинзи е само плус на нашата фигура. И она што е најва­жно — жените не може да се „наби­лдаат“ како мажите, биде­јќи лаче­њето на тесто­сте­рон кај нив е мини­ма­лно. Резу­лта­тот е поцвр­сто тело, помал кон­фек­ци­ски број и нама­лу­вање на болките во грбот.

ШТО АКО НЕ ГО САКАТЕ МЕТЕЖОТ ВО ТЕРЕТАНИТЕ?
Нај­до­бро реше­ние е ела­стич­ната гума. Гумата е одли­чен дода­ток за вежбање, затоа што со неј­зина помош се акти­вира целото тело и при­тоа се топи пот­ко­жното масно ткиво и се нама­лува целу­ли­тот. Освен тоа, не бара многу про­стор и е одлична замена за теретана.

Гумата е прак­тично тере­тана во мало. Иде­а­лна е за оние кои немаат многу про­стор и кои често пату­ваат, биде­јќи може лесно да се пре­не­сува. Ако избе­рете ваков начин на вежбање, важно е да ги држите сто­мач­ните и грб­ните мускули под кон­трак­ција, за да се спречи нагло истег­ну­вање на телото. Инаку, сите вежби може да се пра­ват и без гума, но гумата е таа која дава допо­лни­те­лен отпор и затоа и ефек­тот е пого­лем.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Вежби