wordpress counter

Витамините го смалуваат ризикот од прерано породување

Според едно истражување спореведено во Данска, жените кои редовно внесуваат витамини за време на зачнувањето, имаат помали шанси да се породат прерано.

Кај тие жени е воочен и помал ризик дека нивините деца ќе имаат помала тежина од нормалната при раѓањето. Според „American Journal of Clinical Nutrition“, ова испитување е направено во Данска на 36.000 испитанички, а било водено од научниците од Универзитетот во Питсбург.

Сите податоци од ова истражување се однесуваат на внесување на мултивитамини 4 недели пред зачнувањето, па сѐ до 8 недела од бременоста. Експертите особено ја потенцираат важноста од квалитетна исхрана при превенција на бројни компликации во текот на бременоста, прераното породување и забавен развој на фетусот.

Related Posts with Thumbnails