wordpress counter

Вовед во сирова храна

Во рамки на категоријата ЗДРАВЈЕ, Гурман™ започнува со серија статии и рецепти кои се однесуваат за сировата храна или подобро речено – „жива храна“. Токму тоа е суштината на овој начин на исхрана – храната да остане жива, термички необработена.

Здравата исхрана, која пред сè се базира на необработена храна од растително потекло, несомнено нè води до витко тело, беспрекорна кожа и непресушна животна енергија. Воедно, ваквиот начин на исхрана го намалува ризикот од појава на сите посериозни заболувања.

Ние во Гурман™ веруваме дека има многу луѓе кои не се толку упатени во оваа проблематика, па затоа се решивме на овој чекор.

Основниот принцип кој се наоѓа во средината на целиот концепт „жива храна“ се потпира на теоријата според која храната од растително потекло во својата најосновна состојба (необработена и неготвена) е најкорисна и најздрава за нашето тело.

Сепак, треба да имаме на ум дека ваквиот животен стил е работа на сопствен избор, како и тоа дека не претставува диетален начин на исхрана. Колку и да ви се чини сето ова лесно, секојдневното придржување на ваквиот начин на исхрана знае да одзема време. Како и да е, ништо не смее да биде побитно од здравјето.

Сепак, брзиот премин кон оваа исхрана за многумина може да биде тешка одлука. Затоа, нашата препорака е за почеток да се ослободиме од четирите основни зла – белиот шеќер, белата сол, белото брашно и белиот ориз.

Ќе одиме по ред.

Потребни алатки за да се храните здраво се блендер, соковник и дехидратор. Функцијата на дехидратор може да ја врши и рерната која веќе ја имате доколку се загрева до 50℃ и е со подотворена врата.

Бидејќи сме македонци, што преведено во храна значи дека сакаме леб, првин ќе ги разгледаме типовите леб. Во наредниот период ќе објавиме рецепти за неколку видови леб. Оваа сабота ќе го објавиме и првиот рецепт за леб од хељда.

Related Posts with Thumbnails