wordpress counter

Здрава пица сепак постои!

Кога сакаме да ги намали килограмите, настојуваме да се ставиме на диета според која од нашето мени првин ги снемува газираните сокови, слатките, грицките и пицата. Но, верувале или не, пицата може да ја јадаме и во текот на диетата. Секако, ако е правилно приготвена. Со оглед дека во ресторан тоа нема да се случи, ќе мора сами да ја подготвите во домашни услови.

Затоа, ви даваме неколку важни совети како да направите здрава пица.

Користете интегрално тесто за пица
Можете да купите или сами да го замесите, така што ќе искомбинирате интегрално и обично брашно. Да не заборавиме дека тоа тесто ќе биде со диететски влакна, кои се одлични за добро варење на храната.

Користете повеќе сос
Сосот од домати е одличен извор на ликопен, кој е моќен антиоксиданс.

Намалете ја количината на сирење и кашаквал
Иако сирењето е добар извор на калциум, тоа е и извор на калории. Затоа, користете сирења кои имаат низок удел на масти, како моцарела.

Избегнувајте месни производи
Салами, кулен, колбаси и слични производи, само ќе ви помогнат да ги зголемите килограмите. Затоа, направете или вегетаријанска пица, или ако веќе не можете без месо, употребете морски плодови.

Употребете повеќе зеленчук
Со оглед дека е хранлив и ниско калоричен, зеленчукот може да го користите во неограничени количини. Можете да комбинирате пиперки, печурки, спанаќ, маслинки, домати, брокула, кромид…

И секако, не заборавајте на зачините. Идеални се босилек и копар.

Related Posts with Thumbnails