wordpress counter

„Зелени“ камиони за храна

Сликата на убаво уредено возило од кое се продава храна, веќе не е нешто што го има само на филм, туку сѐ повеќе ги освојува улиците на градовите низ светот. Но, од самото нивно појавување се води расправа дали на тој начин уште повеќе се загадува воздухот и животната средина.

Токму затоа, Мајкл Колиер, основачот на компанијата „Green Truck“ решил да создаде „зелен“ камион. Суштината е, преку овој бизнис, тој да внимава и на животната средина и на здравјето на луѓето.

Имено, ова бистро на тркала продава само храна која е органски одгледувана на локалните фарми. Станува збор за еколошки одржлив бизнис кој се базира на продажба на храна која е подготвена по истите начела. Покрај тоа, возилото се движи на био-дизел гориво, кое го произведуваат од остатокот од растителните масла кои се употребуваат за производство на храната.

Камионот има свој резервоар за биоразградливо ѓубриво кое им се враќа на фармерите, кои повотрно го употребуваат. Истотака, целиот прибор, чиниите и амбалажата се биоразградливи, додека складот во кој се чуваат продуктите работи на соларна енергија.

Мајкл Колиер ја основал компанијата со еден финансиски аналитичар од „Вол Стрит“. Заедно делат исти сфаќања за заштита на животната средина. Започнале со работа пред пет години, а третата година фирмата почнала да носи заработувачка. Сега поседуваат пет зелени камиони – три во Лос Анџелес, еден во Сан Диего и еден во Њујорк. Нивната визија е: наместо „Мекдоналдс“ – „Зелени камиони“.

Искрено, освен едно огромно „браво!“, сѐ останато ќе биде непотребно да се коментира.

Related Posts with Thumbnails