wordpress counter

Зошто храната треба да се вари?

Со оглед на сè поголемата популарност на сировата храна, се присетуваме зошто луѓето воопшто започнале да ја варат храната. Има неколку причини за тоа: да биде посигурна за консумирање, да биде полесно сварлива и да го подобри вкусот.

Иако постојат многу продукти кои е подобро да се јадат сирови, сепак, постојат и многу на кои им е потребна термичка обработка. Тука мислиме пред сè на продуктите како месо, риба, јајца, компир и некои од мешунките. Компирот содржи токсична сусптанција соланин, која со варење се разградува, додека некои мешунки имаат хемаглутанин кој се деактивира со варење.

Понатаму на списокот следат житарките, кои содржат фитинска киселина, која ја спречува апсорпцијата на минерали.

Од друга страна, некои продукти се подобри за нашето тело кога се варени. На пример, ликопенот од доматите. Кога се варени доматите, неговата асимилација во организмот е многу поголема. Сепак, треба да се внимава продуктите да не се преварат, затоа што во тој случај доаѓа до губење на важни нутритивни состојки, особено витамините. Затоа, најдобро е храната да се вари кратко, со помала количина на вода и на умерена температура.

Related Posts with Thumbnails