wordpress counter

Зошто сме поспани по празничниците оброци?

Празничните оброци, како новогодишните и божикните, се прилично богати и обилни. Откако добро ќе се најадеме, започнуваме да се чувствуваме поспано и сѐ упатува кон најблискиот кревет за да се одмориме. Се поставува прашањето: која е причината за оваа поспаност?

Многумина се уверени дека причината е аминокиселината триптофан. Но, тоа не мора да е сосема точно. Имено, триптофанот е важна алка во синтезата на серотонинот, кој делува на доброто расположение и го регулира сонот. Триптофанот може да се најде во повеќето врсти на месо и сирења.

Иако постои определена поврзаност помеѓу триптофанот и поспаноста, сепак најголем виновник за сонот после оброк е преголемото внесување на јаглехидрати. Покрај месото, тука се и компирите, колачите и други специјалитети кои предизвикуваат нагло излачување на инсулин, кој предизвикува поспаност.

Related Posts with Thumbnails