wordpress counter

Зошто жалфијата треба почесто да се користи?

Жалфијата е едно од обележјата на Медитеранот, растение со изразено лековити својства, кое се користи веќе илјадници години. Можеби оттаму доаѓа и латинскиот назив на целиот род Salvia, што потекнува од зборот „salvare“ односно „спасување, лечење“.

Овој зачин одлично се комбинира со различни видови месо и риба, може да се пржи, похува или да се приготви чај или мед. Убаво оди и со супи и чорби, како и додаток кон салати.  Поради јачината на нејзините етерични масла, се користи и за маринада.

Со жалфија може да се ароматизираат разни масла и путер. Може слободно да се комбинира со зеленчук, а особено добрo оди со тиква.

Покрај гастрономската употреба, жалфијата има многу лековити својства. Се користи за ублажување на кашлицата и болките во грлото. Се користи за плакнење на устата, како и за балансирање на хармоните и при болна менстрауција кај жените. Помага при намалување на масните наслаги и целулитот.

Има силно антисептичко делување и му помага на организмот да го гради својот одбранбен механизам. Често се користи од козметичката индустрија при производство на купки, мирисни креми, парфеми и освежувачи на воздух.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Најголемите скандали со храна на светот

Овие денови Европа ја потресува една од најголемите афери поврзани со храна. Станува збор за продажба и консумирање на коњско...

Close