Баклава со Бело Млечно Чоколадо

735

„Каде и да си, за Божиќ дома да си.“ За овогодинешниот Божиќ, ние повторно се одлучивме за оваа баклава со бело млечно чоколадо. Ако наместо традиционалната старинска баклава, сакате да направите промена и да пробате некој нов вкусен рецепт за овој Божиќ, тогаш ова е вкусот кој го баравте. Многу е едноставна за подготвување и дефинитивно се топи во уста. За која баклава се одлучивте вие?

5 from 1 vote

Баклава со Бело Млечно Чоколадо

Подготовка 1 саат
Готвење 30 мин
Вкупно Време 1 саат 30 мин

Состојки

  • 300 гр. ореви (150гр.сецкани, 150 гр. мелени)
  • 1 бело млечно чоколадо
  • 500 гр. готови кори
  • 1 маргарин
  • 700 гр. шеќер
  • 0,5 л. вода
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 лимон

Инструкции

  • Филот на оваа баклава е прелесен за подготовка. Единственото нешто што треба да направите е да го изрендате чоколадото и да го помешате со мелените и сецканите ореви.
  • Земаме една кора и ја распостелуваме на работната површина. Потоа, ¼ од кората ја превиткуваме и одозгора го ставаме филот. Откако превитканиот дел од кората ќе го покриеме со фил, ја мотиме во ролат. Истата постапка ја повторуваме со друите кори. Ролатите ги редиме во плех и ги сечеме на парчиња. Пред да ја ставиме баклавата да се пече, ја полеваме со претходно растопен маргарин. Се пече на 200 степени, на претходно загреана фурна се додека не добие златна боја. Откако баклавата ќе биде готова, почнуваме да го правиме шербетот.
  • Во тенџере на оган ги ставаме водата, шеќерот  и ванилиниот шеќер да зовријат. Ги оставаме да вријат околу 15 минути, од кои во последните 5 минути го додаваме лимонот исечен на кругови. На крај, рамномерно го полеваме шербетот врз оладената баклава. Ви посакуваме мирни и спокојни празници. За многу години Божиќ!
Оброк: Dessert, Десерт
Keyword: baklava, печиво

Коментари

  1. 5 stars
    Ja probavme i dobro izleze. Vi blagodirame.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close