Безглутенски Churros

647

Чурос се шпански крцкави крофни во форма на стапчиња, превкусен крцкав десерт кој се служи со растопено чоколадо. Брзински за подготовка посебно ако ви се најават гости а немате ништо благо по дома. Овој е омилениот безглутенски рецепт на @cookingwithviki и е многу поубав од стандардниот бидејќи се многу покрцкави. Се надеваме дека ќе ви се допаднат и вам.

Безглутенски Чурос

Подготовка 40 мин
Готвење 40 мин
Вкупно Време 1 саат 20 мин

Состојки

  • 300гр пченкарно брашно или друго безглутенско
  • 2 лажици густин
  • 250мл вода
  • 1 лажиче шеќер
  • прстофат сол
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 50гр путер
  • 2 јајца

За валкање:

  • шеќер кристал промешан со цимет

Чоколаден прелив:

  • 100гр чоколадо
  • 50мл слатка павлака
  • 50мл млеко
  • масло за пржење

Инструкции

  • Водата ја ставаме на оган да зоврие заедно со путерот го додаваме шеќерот, ванилата, солта и брашното и на крај мешаме цело време на оган додека да не се соедини смесата убаво. Тргаме настрана и оставаме да се излади. Во изладената смеса ги додаваме јајцата едно по едно и матиме со миксер.
  • Во меѓувреме го ставаме маслото на оган да се загрее. Смесата ја ставаме во шприц со ѕвездеста форма и спуштаме во маслото од тестото долги стапчиња околу 5см. Ги пржиме од двете страни додека да добијат убава златна боја, и одма ги валкаме во смесата со шеќер и цимет. Служиме со чоколаден сос или прелив (чоколадото ситно сецкано го топиме заедно со павлаката и млекото до точка на вриење). За кратко време имате вкусен десерт прелесен за подготвување! Имајте убава вечер и уживајте во секој миг!
Оброк: Десерт
Keyword: churros, чурос

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close