Ние заедно со cookingwithviki топло го препорачуваме овој рецепт на сите, а посебно на оние кои се интолерантни на глутен. Сочни, кремасти и без баш никакво чувство на тежина. Пробајте ги еднаш и сигурно ќе ви бидат омилени. Безглутенската исхрана е далеку подобра од глутенската. Практикувајте ја колку можете почесто во вашата исхрана, бидејќи има еден тон придобивки. Погледнете кои состојки ви се потребни за овие њоки и направете ги уште веднаш.

Безглутенски Кремасти Њоки со Печурки
Состојки
- 500гр варени компири
- 1 јајце
- 250гр пченкарно брашно
Состојки за Сос:
- ½ главица кромид
- 1 чешне лук
- 300гр печурки шампињони
- 100мл бело вино
- мешан сув зачин
- црн пипер
- сол по вкус
- 250мл неутрална павлака
- 100гр кашкавал
- пармезан
- свеж магдонос
Инструкции
- Компирите ги вариме и пасираме, во нив го додаваме јајцето, брашното и 1 лажиче сол. Месиме со рака убаво мазно тесто и со помош на најлонска фолија (бидејќи пченкарното тесто е многу ронливо и потешко за обликување) земаме дел од тестото правиме долги ленти и сечеме парчиња околу 1см. Постапката ја повторуваме се додека имаме тесто. Готовите њоки ги ставаме во предходно зовриена солена вода и вариме олоку 2-3 мин. додека да се кренат на површината. Ги вадиме со лажица решетка и додаваме во предходно приготвениот сос кој го подготвуваме на следниот начин:
- Кромидот и лукчето ситно ги сецкаме и ги пропржуваме на маслиново масло додека не добијат златна боја. Ги додаваме сецканите печурки и виното и динстаме околу 5 мин. На крај ја додаваме павлаката, ренданиот кашкавал, зачинуваме и ги додаваме њоките. Оставаме уште неколку минутки на оган да се соединат.Служиме со пармезан и свеж сецкан магдонос.И секако доколку сакате пченкарното брашно можете да го замените со пченично.