Чоколадна Торта со Суво Овошје

772

Доколку имате дома суво овошје и сакате да го искористите за вкусен десерт, тогаш оваа торта на @my_little_kitchen_stories е идеалното решение. Верувајте ни дека тортата е исто толку сочна и чоколадна колку што изгледа на сликите. Погледнете го рецептот и фатете се за работа.

Чоколадна Торта со Суво Овошје

Подготовка 45 мин
Вкупно Време 45 мин

Состојки

Кора:

  • 200гр мелени бисквити
  • 100гр путер на собна температура
  • 10 мелени или ситно сецкани урми
  • 30мл овошен сок

Чоколаден фил:

  • 100гр бело чоколадо
  • 100гр млечно чоколадо
  • 1 лажица масло за јадење

Овошен фил:

  • по една рака ситно сецкани урми, суви смокви, суви кајсии, сливи, грозје, брусница, вишни (може било кое суво овошје по желба)
  • 2 раце замрзната малина или вишна
  • 1 желатин
  • 3 лажици вода

Чоколаден прелив:

  • 100гр црно чоколадо
  • 100гр млечно чоколадо
  • 1  лажица масло за јадење

Инструкции

  • Мелените бисквити, урмите, путерот и сокот ги мешаме заедно додека да добиеме хомогена смеса. На калапот за торта ставаме малку путер и ја втиснуваме рамномерно со рацете смесата со бисквити. Ставаме во фрижидер да се стегне. Во меѓувреме на пареа заедно го растопуваме белото чоколадо со млечното и 1 лажица масло за јадење.
  • Го нанесуваме чоколадото врз бисквитната кора и враќаме назад во фрижидер да се стегне. Во длабок сад на оган ги ставаме замрзнатите малини и ситно сецканото суво овошје заедно со водата. Претходно желатинот се раствара според упатството на ќесичката. Откако ќе изврие малку смесата, се додава желатинот и се остава уште 2-3 минути на оган. Потоа се трга на страна малку да се олади и се прелива врз чоколадото. Повторно оди во фрижидер. На крај се растопува на пареа посебно црното чоколадо и посебно млечното. Врз овошниот фил прво го нанесуваме црното, па веднаш  млечното, и со вилушка поминуваме врз преливот и правиме шари мешајќи ги чоколадите.
  • Јас додадов малини за да ја избалансираат блажината на сувите овошја поради што воопшто и не се додава шеќер во оваа торта. Уживајте во готвењето!
Оброк: Десерт
Keyword: торта, чоколадна торта

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close