Уште еден рецепт кој ни го испрати dr_ena_is_in_the_kitchen. Повторно колачиња, кои се исто толку вкусни и лесни за подготовка, колку што изгледаат на сликите. Уживајте!

Чоколадни Колачиња
Состојки
- 50гр бадеми
- 50гр ореви
- 50гр лупени непечени кикирики
- 4 лажици кокос
- 2 лажици мед
- 2 лажици путер од кикирики
- 70гр растопено црно чоколадо 70% какао
За Декорација
- 50гр растопено црно чоколадо
- 2 лажици растопен путер од кикирики
Инструкции
- Во длабок сад ги ставаме кокосот, мелените јатки и го додаваме медот, путерот од кикиритки и растопеното чоколадо, мешаме се додека не добиеме соединета смеса. Смесата ја ставаме во калапи за колачи или слободно исплескајте ја во тавче, а потоа исечете ја на коцки. Колачите ги ставаме во замрзнувач 20 тина минути за да се стегнат.
- Во меѓувреме растопуваме 50 гр црно чоколадо со неколку капки маслиново масло и ги прелеваме колачите, потоа враќаме пак во замрзнувач. На крај растопуваме путер од кикирики и си играме со лажичката врз колачите. Вратете ги во замрзнувач уште неколку минути, а потоа се спремни за јадење.Уживајте во вкусот и не заборавајте да ги споделите искуства доколку ги подготвите.