Crinkle Cookies

722

Како што sash_dream велат, ова се сигурно омилените колачиња на Дедо Мраз, а и како да не бидат кога се толку крцкави, а сочни истовремено. Погледнете го рецептот на овие класични американски колачиња и бидете сигурни дека вашите најмили ќе ги обожаваат.

Crinkle Cookies

Подготовка 20 мин
Готвење 10 мин
Вкупно Време 30 мин

Состојки

За Бисквитно Тесто:

  • 170гр растопено чоколадо
  • 2 јајца
  • 100гр шеќер
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1 лажичка балсамик оцет
  • 130гр шеќер во прав
  • 60гр какао
  • 1 лажица густин
  • 1/2 лажичка сол
  • 90гр сецкано чоколадо
  • шеќер во прав за увалкување

За Чоколаден Ганаш

  • 60мл слатка павлака
  • 120гр темно чоколадо
  • прстофат сол

Инструкции

  • Јајцата, шеќерот, ванилата и оцетот се миксат со миксер додека не станат пенести. Потоа се додава растопеното чоколадо и се размешува со жица. Се додава шеќерот во прав, какаото, густинот и солта, па со помош на шпатула се соединува.
  • На крај се додава сецканото чоколадо и повторно се промешува. Доколку тестото е премеко за да се работи, се остава во фрижидер околу половина час. Од тестото се формираат 24 топченца и се увалкуват во шеќер во прав. Се редат во тавче за печење, раздалечени околу 3-4 цм и се притиснуват со помош на дланката. Се печат 10 минути на 190*С.
  • Додека се печат се припремува ганашот: на пареа се растопува чоколадото со слатката павлака, се тргнува на страна и се промешува за да се олади. Кога ќе се испечат, додека уште се топли со помош на дрвена лажица се прави вдлабнатина на средината. Откако добро ќе се изладат се полнат со ганаш, користејќи шприц за поголема прецизност. Може да ги послужите со млеко или какао.
Оброк: Десерт
Кујна: American
Keyword: cookie, десерт, колач

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close