Па, дали има нешто повкусно од вкусен домашен леб со крцкава кора и мека средина? Веројатно нема. Овој е омилениот рецепт на нашата драга Александра, кој топло го препорачува да пробате да го направите. Долгиот период на подготовка нека не ве плаши, не е ништо комплицирано за правење. Се’ што ви е потребно се вистинските состојки, време и малку труд. Верувајте ни дека крајниот вкус на лебот е вреден за сите саати поминати во неговата подготовка.

Домашен Леб со Спелтино Брашно
Состојки
- 205мл вода на собна температура
- 200мл кисело млеко или јогурт
- 12гр хималајска сол
- 585гр спелтино брашно
- ½ гр квасец
Инструкции
- Сите состојки се размесуваат убаво од вечерта и смесата ја покриваме. Препорачливо е да се покрие со капак, а не со крпа. Наутро, после 12 саати, тестото повторно се размесува убаво, со влажни раце, за да не се лепи и пак го оставаме настрана да одмара 8 саати. Откако ќе помине потребниот временски период, тестото повторно го размесуваме на набраната површина, со влажни раце и го ставаме лебот на картија за печење. Првите 15 мнути го печеме со капак, на 250 степени, потоа намалуваме на 230 степени и го печеме уште 30 мин, без капак. Сигурно ви е чудно зошто тестото се остава толку долг период да мирува. Тоа е бидејќи има само половина грам квасец и на лебот му треба повеќе време да нарасне. Верувајте ни дека крајниот вкус на лебот е вреден за сите саати поминати во неговата подготовка.