Ако некогаш сте помислиле дали е всушност возможно дома да се направи вкусна пица, тогаш овој рецепт на @morerecipes_foryou е дефинитивно најдобрата пица која ќе ја направите дома. Погледнете кои состојки ви се потребни, и почнете веднаш со подготовка, затоа што парче пица не одбива никој, зар не?

Домашна Пица
Состојки
- 250гр брашно (за две пици)
- 100гр млака вода
- 1 сув квасец
- 3 лажички маслоново масло
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
Инструкции
- Во сад ставете млака вода, шеќер и квасец и оставете 5 минути да одстои.Во друг сад, ставете ги брашното, солта и маслото.Додадете ја водата во брашното и мешајте.Ставете го тестото на мазна набрашнета површина и месете околу 10 минути. Ставете го во сад со малку маслиново масло, покријте го со крпа и оставете го 1 саат.Поделете го тестото на два дела (од оваа тесто излегуваат две пици), ако правите повеќе пици поделете го на повеќе делови.Оставете ги да одстојат уште 15 минути. Формирајте пици од секое делче и декорирајте ја по ваша желба. Уживајте!