Проја – наједноставното и најбрзото, а всушност највкусното решение за појадок. Од безброј рецепти на интернет, овој е омилениот проја рецепт на нашата драга daria.recipes. Погледнете што се’ ви е потребно за да го подготвите:

Домашна Проја
Состојки
- 2 големи јајца
- 1 чаша јогурт
- ½ чаша масло за јадење
- 2 чаши пченкарно брашно
- 1 чаша пченично бело брашно
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1 кафена лажичка сол
- 150-200 гр сирење или урда (или било кој друг додаток по желба)
- Зачин по желба за декорација и вкус
Инструкции
- Јајцата изматете ги со миксер па постепено додадете ги јогуртот и маслото за јадење. Двете брашна измешајте ги со пецивото и солта и полека додадете ги во смесата со јајца, постојано матејќи со миксерот. На крај додадете го сирењето или урдата.
- Пројата префрлете ја во калап за печење, намачкан со путер. Одозгора ставете зачин пожелба. Јас денес искористив италијански микс зачини. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 30тина минути.