Домашни Њоки

592

Њоки се италијански тестенини кои во својот состав како основа имаат компир и брашно. Самите имаат неутрален вкус и се одлична подлога за било кој сос или додатоци. Може да ги комбинирате со што ви душа сака.  Пармезан, чери домати, печурки. Во самиот состав освен основните брашно и компир, може да додадете и јајце, зачински билки, опциите се бескрајни.

Овој рецепт на @dashofspicee  е многу едноставен, посен со само три состојки. Обавезно пробајте ги.

Домашни њоки

Подготовка 15 мин
Готвење 15 мин
Вкупно Време 30 мин

Состојки

  • 450-500гр компир
  • 300-350гр брашно
  • Сол

Инструкции

  • Сварете ги компирите. Излупете ги додека се врели. Изрендајте ги на ситно. Може и да се испасираат. Јас ги рендав. Додадете сол по желба и додадете го брашното. Мерките не се прецизни. Додадете онолку брашно колку да добиете тесто кое ќе може да се работи без да се лепи на рацете. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и оставете го да одмори 10 минути. Земајте од тестото. Формирајте долгнавести форми и исечете на мали парченца 2 до 3 цм долги. Формирајте ги њоките. Може само да ги притиснете со прст на средина или поминете го секое парче на задната страна од вилушка за да ја добиете карактеристичната форма на њоки. Јас користев мала даска за њоки, cause I am sucker for kitchen gadgets.
  • Формата односно линиите на њоките служат да го задржат сосот на нив или со што и да се подготвени. Зовријте вода и во неа спуштете ги њоките да се варат. Кога ќе испливаат на површината, готови се. Извадете ги со лажица цедалка. Може да ги испржите на малку маслиново масло додека поруменат. Додадете сос и додатоци по желба и уживајте.
Оброк: главно јадење
Кујна: Italian
Keyword: pasta, њоки, Домашни њоки

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close