Бомбици од три состојки, во нова комбинација. Вкусни, здрави, неодоливи. Мора да ги пробате!
Измешајте, формирајте бомбици и уживајте во овој рецепт кој ни го испрати @me_mother_of_three

Енергетски бомбици од три состојки
Состојки
- 200гр путер од кикирики
- 50гр мелени лешници
- 50гр темно чоколадо
Инструкции
- Во длабок сад се става путерот, се додаваат лешниците кои сме ги измелиле и на крај стопеното чоколадо. Се меша додека се добие хомогена смеса, се формираат топчиња големи колку орев и се ставаат во фрижидер да се стегнат.