Ако ме прашувате мене, овој рецепт за филувани обланди дефинитивно би го крстила „Обландите на Жуки“, по @zulietacebotareva, мајсторот кој најдобро ги подготвува. Ги имам пробано порано и верувајте дека едвај чекам да ги вкусам пак. Погледнете го рецептот подолу и бидете спремни да го споделувате истиот, затоа што секој кој што ќе ги проба, ќе ве праша за тајната на овие филувани обланди. Брзи, лесни и едноставни. Идеални за готвачи почетници.

Филувани Обланди
Состојки
- 1 пакување обланди
- 1 л. млеко
- 8 јајца
- 300 гр. бисквити
- 800 гр. шеќер
- 200 гр. несолен путер
Инструкции
- Млекото и 600 гр. шеќер се варат на тивок оган околу 90 мин. Се остава да се олади и се дели на два дела.
- Прв фил: 8 жолчки се матат со 8 лажици шеќер и во нив се додава путерот добро изматен.
- Втор фил: 8 белки се матат со 8 лажици шеќер и се додава 300 гр. мелени бисквити.
- По еден дел од првата смеса (млекото варено со шеќер) се додава во двата фила.
- Со двата фила наизменично се филуваат обландите. Декорирајте по ваш избор.