Fruit Bites

610

Сите имаме такви денови кога сѐ што ни е потребно е мало слатко задоволство, па макар тоа било и едно залаче вкусен овошен десерт како овој. Јаворка, инспирирана од Тик  Ток  ги подготвила овие превкусни fruit bites и ни го испрати рецептот, секако приспособен за нашиот пазар. Погледнете сѐ што ви е потребно за нивна подготовка.

Fruit Bites

Состојки

База:

  • 160гр благи крекери (појаки бисквити)
  • 55гр растопен путер

Горен дел:

  • 250гр крем сирење
  • 150гр овошен јогурт (вкус по желба)
  • 3 лажички јаворов сируп или мед (по желба)
  • 2 лажички чиа семе
  • неколку малини (овошје по избор)

Инструкции

  • Се раскршуваат крекерите (јас користев од колачињата на краш, домачица) на поситни парчиња и се мешаат со растопениот путер. Смесата се разделува во калапи за мафини, се притиска да се зацврсти и се става во фрижидер додека се прави горната смеса.
  • Се мешаат крем сирењето и овошниот јогурт, се додава засладувачот (јаворов сируп или мед) и се додаваат чиа семето и малините. Сето тоа добро се промешува и се става во калапчињата над базата. Стои во замрзнувач час, час и половина.
Оброк: Десерт
Keyword: десерт, колач

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close