Галет со Тиквици, Козјо и Фета сирење

606

Кога станува збор за готвење вкусни и необични рецепти, времето надвор не смее да ве обесхрабрува во никој случај. Кога велам необични рецепти, мислам на овој прекрасен галет со тиквици, козјо и фета сирење по препорака на bake_someonehappy_. Погледнете ги потребните состојки за негова подготовка:

Галет со Тиквици, Козјо и Фета сирење

Подготовка 15 мин
Готвење 40 мин
Вкупно Време 55 мин

Состојки

За тесто

  • 200 гр брашно (100 гр брашно од спелта + 100 гр пченично брашно)
  • 120 гр путер (ладен)

  • 2 лажици ледено ладна вода
  • ½ сол

За фил

  • 100 гр рендана моцарела (може и трапист, гауда)
  • 100 гр крем сирење
  • 50 гр козјо/фета сирење
  • 1 тиквица со лушпа
  • 1 домат
  • жолчка за премачкување
  • дробен корнфлекс
  • интегрален сусам

Инструкции

  • 1. За тесто:
    Со раце замесете тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го најмалку 30 минути во фрижидер.
    На хартија за печење развлечете го тестото (3-5мм). Распоредете го филот од сирење до 5 цм од крајот на тестото.
    Врз сирењето наредете ги тиквиците и доматот.
    Краевите на тестото превиткајте ги кон филот и премачкајте ги со жолчка.
    По желба врз жолчката можете да посипете дробен корнфлекс или сусам. Печете на 180°С 35-40 минути.
Оброк: печиво
Keyword: галет

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Гурман МК © Copyright 2020. Сите права се задржани.
Close