wordpress counter

5 факти за хамбургерот кои не сте ги знаеле

Хамбургерот се смета за американски изум. Но, дали е тоа така? Нашето патување низ историјата и светот ќе не донесе до факти кои велат дека вакви сендвичи се правеле и на други места. Затоа, еве 5 факти кои ни биле непознати за една од најпопуларните храни на светот.

Монголите се првите кои јаделе нешто слично на хамбургер
Џингис Кан и неговите орди се првите кои уживале во фаст фудот. Имено, војниците во текот на долгите војни, парчињата месо ги чувале под седлата на коњите за да омекнат. Потоа, месото го печеле или го јаделе сирово со леб. Ова јадење подоцна е пренесено во Русија, каде станало специјалитет – татарски бифтек.

Вистинскиот хамбргер допатувал од Германија во Америка
Патниците на бродските линии од Хамбург до Америка јаделе мелено месо со зачини, лук и парчиња леб. Американскиот бродски персонал уживал во нарачките на „одрезок на хамбуршки начин“, кој за кратко време станал мошне популарен.

Просечен американец јаде 70 хамбургери годишно
Речиси 3 милијарди сендвичи продава Мекдоналдс во САД, додека сите синџири на брза храна заедно, прават и продаваат преку 15 милијарди хамбургери.

Оклахома е татковина на познатото лепче за хамбургер
Оскар Вебер Билби е првиот човек кој сервирал хамбургер со пециво. Набрзо, ова јадење станало толку популарно, што тој отворил штанд. Замислете, штандот од 1933 година сѐ уште работи и тоа на скарата која тогаш е наместена.

Разни култури имаат свои варијанти на хамбургер
Кина го има Роу Јиа Мо, сецкано говедско месо послужено со пециво и лут сос. Ние го имаме хамбургерот од „7-ца“, вкусна плескавица послужена во пециво и тон помфрит, кечап и мајонез.

Related Posts with Thumbnails