wordpress counter

Како боите делуваат на апетитот

Кога станува збор за апетитот, покрај величината на оброкот, важно е да се внимава и на боите на оброкот. Според истражувањата, и двата фактори влијаат на тоа колкава количина на храна ќе изедете.

Инаку, одамна е позната поврзаноста на бојата и храната, како во нутритивен, така и во естетски поглед. Додека нутриционистите се насочени кон хранливата вредност на продуктите со силни бои, синџирите за брза храна го користат овој феномен за да ги примамат гладните потрошувачи.

Со оглед дека црвената, портокаловата и жолтата боја го поттикнуваат апетитот, токму тие три бои начесто се користат при правење на амбалажа на храната. Интересно е дека, колку е помал контрастот помеѓу храната и чинијата, толку е поголем апетитот. Тајната е во тоа што се добива слика дека има помалку храна во чинијата, па си дозволуваме повеќе храна. Врз основа на овие сознанија, експертите тврдат дека чинијата е најдобро да биде сина или бела.

Related Posts with Thumbnails