wordpress counter

Засилувачи на вкусот: Натриум глутаминат или Е-621

Препирките околу натриум глутаминатот и неговата примена во исхраната се речиси бескрајни. Додека една група на научниците и лобисти велат дека нема ниту еден доказ за штетните последици од консумирањето на глутаминатот, спротивниот табор постојано изнаоѓа нови последици од глутаминската глобализација.

Интересна е улогата на овој адитив на храната, уште познат како Е-621. Имено, тој ја подигнува тензијата, односно апетитот и желбата за јадење. Покрај тоа, овој адитив и од невкусна храна знае да направи оброк кој ќе ве „тера“ на јадење.

Веројатно сте забележале дека кога ќе изедете оброк богат со натриум глутаминат се јавува потреба од нов оброк. За овој синдром, претходно, се велеше дека е „кинески“ синдром, со оглед на фактот дека кинеските готвачи уживаа додека ја глутаминизираа храната.

Но, сега е тоа повеќе „фаст фуд“ синдром. Синџирите за брза храна многу дарежливо ги збогатуваат своите сендвичи и оброци со Е-621 со цел да ве натераат повторно да дојдете кај нив. Затоа, внимавајте со употребата на продуктите кои изобилуваат со овој адитив.

Related Posts with Thumbnails