wordpress counter

10 најпопуларни кујни во светот (1 дел)

Ако сте од оние луѓе кои се подготвени да вкусат од сѐ по нешто, тогаш ова е статија за вас. Сите светски кујни имаат безброј специјалитети. Некои ни се познати, некои не. Но, според популарноста, 10 од нив ги освојуваат нашите срца и сетила за вкус. Еве ја листата на најпопуларни кујни во светот.

Либанска кујна
Либан е место каде можете да ги вкусите сите деликатеси на блискиот и средниот Исток. Храната е медитеранска, со многу зеленчук, малку месо и безброј вкусови и зачини. Најпопуларно јадење е мезето кое се состои од сосови, туршија, салати и грицки кои се служат со арапски леб. Оваа кујна е позната и по слатките, затоа и Бејрут се нарекува и „слаткиот главен град“ на Либан.

Грчка кујна
Се наоѓа под огромно влијание на турската и италијанската кујна и сè се врти околу маслиновото масло, зеленчукот и тревките. Иако и оваа кујна ја зафатија светските трендови, сепак во таверните, кои ги има во огромен број, сѐ уште може да уживате во изворните грчки специјалитети.

Шпанска кујна
Шпанската кујна е базирана на риба и морски плодови, зеленчук и месо. Интересно е дека Шпанците користат најмногу масло при готвењето, во споредба со сите други западни кујни. Сангрија е пијалакот со кој го покорија светот.

Јапонска кујна
Денес оваа кујна е дел од светските трендови, па дури може да се каже дека влезе во редот на најконсумираните во светот. Ниту едно јадење не може да постои без бел ориз и соја. Според рангирањето на Мишелин, Токио е најделикатесниот град на светот со преку 150 топ ресторани. Дури потоа следат Париз и Лондон со по 148 вакви ресторани.

Мексиканска кујна
Комбинација од кујната на шпанските конквистадори и Ацтеките. И Французите извршиле свое влијание преку лебот и печивата. Освен популарните мексикански специјалитети, тука може да вкусите и игуана, инсекти, елен, па дури и мајмуни.

Related Posts with Thumbnails