wordpress counter

10 најпопуларни кујни во светот (2 дел)

Во претходната статија споменавме 5 кујни кои имаат големо влијание врз светската гастрономија. Во, овој втор дел, ќе се запознаеме со уште 5 најпопуларни кујни во светски рамки.

Тајландска кујна
Повеќето луѓе за тајландската кујна велат дека е одлична комбинација на слатко, луто, горчливо и кисело. Карактеристична е по многу зачини, тревки и растенија кои ѝ даваат посебен вкус и арома на храната. Оризот е главна компонента на јадењето, а често се користат и сосот од риба, паста од ракчиња и кнедли. На северот, јадењето инсекти е секојдневна појава.

Индијска кујна
Една од најсофистицираните и најшаренолики кујни во светот. Постојат три категории во индиската кујна: јужна, источна и западна. Јадењето најчесто е вегетаријанско, но се служи и јагнешко, козјо и пилешко месо. Посебна карактеристика на кујната се зачините. Се јаде на земја и без прибор за јадење.

Кинеска кујна
Оваа храна секојдневно ја јаде барем третина од популацијата. Лесна е за подготовка, економична и вкусна. Поголем дел од јадењето се подготвува со големина на залак, затоа што во кинеската култура вилушката и ножот се сметаат за оружје. Садот со ориз е задолжителен покрај секое лице на масата. Некои од состојките ќе сакате да ги избегнете, како на пример кучешко месо.

Италијанска кујна
Се смета за една од најстарите кујни во светот. Откритијата во новиот свет, како што се доматите, компирот, пиперките и пченката подоцна стануваат составен дел на оваа кујна. Користи преку 400 видови сирење, а еден оброк се состои од „antipasto” (предјадење), „primo piatto” (паста или ориз), „secondo piatto” (месо) и „dolce” (десерт).

Француска кујна
Една од оние кујни кои се нарекуваат „кујна на високото друштво“. Популарна еднакво како и француската книжевност и култура, позната е и како театар кој се јаде. Колачите, виното и сирењето се неодминлив дел од секој оброк. Дури и модерните ресторани како идеја потекнуваат од оваа кујна. Денес, само Париз има повеќе од 5.000 места за јадење. 

Related Posts with Thumbnails