wordpress counter

10 Најпознати европски супи (1 дел)

Супата, најчесто, се смета за предјадење, но ако е богата со состојки може да биде и целосен оброк. Супа е сѐ што може да се свари во многу течност, а резултатот треба да биде нешто што може да се јаде. Најголем дел се служат како топло предјадење, иако има и такви кои се служат и студени.

Во оваа статија ќе проговориме за некои од супите кои се сметаат за посебности на европски кујни, па дури и се прва асоцијација за нив. Ако зборуваме за најдобри супи, тогаш би било грев ако не кажеме дека тоа се француските супи. Една од нив е француската супа со лук, која мошне често се служи на гала вечери. Станува збор за говедска супа во која има и француско лепче и сирење кое се запечува заедно со супата.

Друг сличен француски специјалитет е марсејски бујабес. Превкусна комбинација од риба, школки, домати, бело вино, маслиново масло, лук и шафран. Интересно е дека оваа супа се прелива преку коцкички леб. И уште една француска супа го заслужува местото во оваа група консом е лесна супа од месо, која често е основа и за други супи и сосови.

Италијанците ја создадоа минестроне и веројатно тоа е најпопуларната супа на светот. Зеленчукова бомба, составена од кромид, морков, зелка, домати и компир. И сѐ тоа спакувано во супа во која има и пармезан, сува сланина и тестенини. Страчатела е друга прекрасна супа која е едноставна и се состои од пилешко месо, јајца и пармезан. ●

Related Posts with Thumbnails