wordpress counter

10 најпознати европски супи (2 дел)

Супата е еден од врвните специјалитети на секоја кујна. Во претходната статија наведовме некои од најпопуларните европски супи. Во овој, втор дел го продолжуваме патувањето и запознавањето со супите на европскиот континент.

Гаспачо е врна шпанска супа. Станува збор за ладно предјадење од свеж зеленчук (пред сѐ домати). Андалузија е татковина на овој специјалитет, а во зависност од шпанските покраини, се подготвува со коцки пржен леб, павлака или варени јајца.

Остануваме на иберискиот полустров. Камената супа е специјалитет во Португалија. Се подготвува од грав кој личи на каменчиња, па и оттука го добила името. Освен грав, содржи и моркови, домати, праз, компири и репа.

Грците се прославија низ светот со супата Авголемоно. Нејзината основа се јајцата и лимонот. Единствената разлика од истоимениот сос е тоа што супата е поретка и во неа се додава ориз.

И унгарската гулаш супа е дел од европското кулинарско наследство. Полна е со зеленчук (особено пиперка) и јунешко месо. Нејзина посебност е тестото кое се подготвува и кое се консумира со супата.

Полјаците може да се пофалат со супата Крупник, која претставува кремаста јачменова супа со зеленчук. Токму за оваа кујна е карактеристично користењето на житни култури. Крупник е едно од јадењата на последната вечера на Титаник, кое беше послужено како дел од второто јадење.

Related Posts with Thumbnails