wordpress counter

5 сендвичи кои мора да се пробаат

Речиси секоја кујна им посветува посебно внимание на сендвичите и сѐ она што оди со нив. Многу од гастрономските региони се препознаваат по некој специфичен сендвич кој претставува слика на храната, состојките и традицијата на регионот. Затоа, следи листа на помалку познати сендвичи, кои освојуваат со својот изглед.

БАН МИ, Виетнам


Овој сендвич содржи тенко насечено свинско месо со моркови и ротквици. Како додаток се користат крставица, кромид, халапењо и коријандер. Се сервира со тазе испечено багет лепче.

ФАЛАФЕЛ СО СОС ОД ЈОГУРТ И КРАСТАВИЦА, Среден Исток


Ова јадење е популарно во Грција и Средниот Исток. Станува збор за ќофтиња од наут, премачкани со домашно подготвен сос од јогурт и краставица. Се сервира во половина пита-леб.

КРОКЕ МАДАМ, Франција


Станува збор за француски сендвич, варијација на кроке господин со шунка и кашкавал. Наместо натопување на седвичот во јајце, па негово пропржување во путер, како кај кроке господин, во овој случај најпрвин се потпекува сендвичот, па потоа се додаваат сирење, морни сос (бешамел сос со сирење) и малку пржено јајце.

ПОТПЕЧЕН СЕНДВИЧ СО СИРЕЊЕ, Италија


Врз парче италијански леб се става микс од путер и изрендан пармезан. Потоа, одозгора се редат високо-квалитетни моцарела и проволоне. Се пече додека не се растопи сирењето.

ТОСТ СЕНДВИЧ, Куба


Овој кубански фаворит се состои од кубанско лепче премачкано со сенф и сецкано свинско месо. Се додава и потпечена шунка, проволоне сирење и зачинет чипс. Се премачкува однадвор со путер и се става на тостер или на скара.

Related Posts with Thumbnails