wordpress counter

Бизарни специјалитети

Многу култури имаат свои специјалитети кои ни изгледаат чудно. Сепак, тие се дел од нивните гастрономски традиции и уживаат голема популарност. Денес се решивме за три навистина бизарни специјалитети, кои може да ни подарат „незаборавно“ искуство.

Балут
Земја: Филипини

Станува збор за јајце од кокошка или патка, кое се закопува во земја една недела. По една недела, јајцето се вари. Се јаде со лажица директно од лушпата. Филипинците ова јадење го сметаат за силен афродизијак.

Касу марцу
Земја: Италија (Сардинија)

Во буквален превод значи „труло сирење“. Овој „миризлив“ специјалитет е полн со ларви од инсекти, со чија помош сирењето добива мека, кремаста текстура. Повеќето луѓе овие црви ги отстрануваат пред да го пробаат сирењето, но има и такви кои сакаат „месеста“ варијанта. Сепак, ова сирење е забрането за продажба.

Грпки од камила
Земја: Кина

Консумирањето на месо од камила е мошне популарно на блискиот исток и во Азија. По вкус е слично на говедско месо. Грпката е најмекиот и најмасниот дел од камилата и затоа се смета за специјалитет. Може да се јаде сирово или термички обработено. Постои традиција на пржење на грпките на камилата во многу масло.

Related Posts with Thumbnails