wordpress counter

„Casa Botín“ – најстара гостилница на светот

Според Гинисовата книга на рекорди, најстара гостилница на светот, која непрекинато работи од 1590 година, е мадридската „Casa Botín“. Оваа гостилница се наоѓа во срцето на стариот дел на Мадрид. Дури големиот Ернест Хемингвеј, во неговата новела „И сонцето изгрева“ од 1926 година, напишал: „Имавме ручек во Botín“.

Гостилницата ја раководи 66-годишниот Алберто Гонзалес или попознат како Алберто Ботин. Многу е горд што успеал да ги угости Ненси Реган, шпанската кралица Софија, а Џек Николсон во книгата на впечатоци напишал: „Секогаш ќе се сеќавам на Ботин. Речиси заплакав од среќа кога ги вкусив телешките котлети.“

Сепак Антонио вели дека славните личности и не се толку битни. Битно е храната да биде вкусна, ресторанот да е полн, а гостите задоволни.

Семејството Гонзалес го добило ресторанот во сопственост во 1885 година. Таткото на Антонио, Емилио, бил главен готвач, додека местото го водел неговиот дедо. Подоцна и Антонио се вклучил во бизнисот. Уште на 8 години станувал во 5 часот наутро, за да ги подготвува колачите.

Единствен период кога гостилницата била затворена е периодот од 1936-1939 година, кога беснеела шпанската граѓанска војна. Ресторанот потоа е повторно отворен и ден денес е популарен и помеѓу мадриѓаните и помеѓу странските туристи. Секогаш е полн, нема резервации, така што може да се забележат редици луѓе кои чекаат да се ослободи некоја маса.

Во врска со ова постои една анегдота. Кога го запрашале зошто не отвори уште некој ресторан штом е толку популарен, Антонио ја отфрлил идејата со следните зборови: „Ресторанот е како коњ. Никогаш не може да јаваш два коња во исто време.“

Related Posts with Thumbnails