wordpress counter

Дипломиран колбасичар

Љубителите на колбаси во Германија имаат можност да посетуваат студиска програма за подготовка на омиленото национално јадење. Покрај тоа, програмата опфаќа и комбинирање на колбасите со пиво и соодветна музика.

Основач на академијата е Норберт Витман и таа се наоѓа во Нојмаркт. Покрај основниот степен, постојат и додипломски студии, на кои се изучува и подготовката на сенф и сосови за колбасите, комбинирање на колбаси, пиво и музика, како и подготовка на германскиот бел колбас, кој има посебен статус во Германија.

Деканот Витман вели дека консумира колбаси секој ден и дека сите студенти се големи љубители на овој месен производ. Академијата работи веќе неколку години, а досега диплома добиле преку 1.300 студенти.

Related Posts with Thumbnails