wordpress counter

Егзотичните сендвичи на „Мекдоналдс“ (1 дел)

Иако поимите егзотично и „Мекдоналдс“ некако не одат заедно во иста реченица, сепак, доколку прошетате низ светот и ги посетите нивните ресторани, ќе пробате многу егзотични јадења. Погледнете ги овие дваесет Мек сендвичи, кои се комбинација на традиционалната кујна во определена земја и оргиналните Мек сендвичи.

„Big Bolgogi Burger“
Јужна Кореа

Булгоги на кореански значи огнено месо и всушност е бургер со традиционално маринирано говедско месо на скара, прелиено со булоги сос. Тоа е најпродаваниот сендвич во Кореа.

„McFalafel“
Египет
„Мекдоналдс“ во Египет нуди фалафел сендвич, кој му е ривал на секојдневниот „Биг мек“. Всушност, тоа е хамбургер прелиен со специфичен сос од лук.

„McShawarama and McKebab“
Земјите од Блискиот Исток
Омилен во земјите од Блискиот Исток, овој сендвич е говедско месо на скара во лепиња или тортиља, со традиционална салата.

„Le Croque McDo“
Франција и Белгија

Овој сендвич е омилен кај франкофилите. Две парчиња ементалер и едно парче шунка во тост, креираат совршен сочен и растеглив тост, кој потсетува на фонду. Овој сендвич е омилен во овие две земји. Постои опција наместо сок да се порача чаша пиво.

„Veggie McCurry Pan“
Индија
Интересен факт е дека Индија е единствената земја во светот каде „Мекдоналдс“ не нуди говедско месо на своето мени. Што значи дека нема „Биг мек“, хамбургер и слично, туку нивните јадења повеќе се базираат на зеленчук. Ова индиско јадење всушност е запечено крцкаво тесто, полнето со кари, брокула, мали пченки, печурки и пиперчиња.

„Mc Pork“
Јапонија
Ова е хамбургер направен од свинска плескавица, зачинет со зелен чај и сос од зелен грав.

„Mc Turko & Kofteburger“
Турција

Традиционално за турската кујна, овој сендвич е лепиња полнета со ќофтиња и салата.

„Samuri Pork Burger“
Тајланд
Овој бургер е речиси ист како класичниот хамбургер, само направен од свинско месо.

„McKroket“
Холандија
Ова е голема пржена крокета, полнета со чили, во сендвич. Најпродавана е во Амстердам.

Related Posts with Thumbnails