wordpress counter

Егзотичните сендвичи на „Мекдоналдс“ (2 дел)

Во првиот дел наведовме некои од егзотичните сендвичи на „Мекдоналдс“ кои може да се сертнат во различни земји во светот. И во вториот дел продолжуваме со некои од нивните снедвичи кои во себе содржат и некоја карактеристика на земјата во која се продаваат.

NurnBurger
Германија

Би било чудно кога во Германија не би немало колбаси, нели? Ова е сендвич со три зачинети германски колбаси и сенф.

McLobster
Канада

Кој вели дека сендвичот од „Мекдоналдс“ не може да биде фенси? Овој сендвич е со јастог и преливи. Вкусно, нели?

McOz
Австралија

Овој сендвич е традиционален австралиски хамбургер со пржено јајце, цвекло, кашкавал, ананас и сланина. Оваа комбинација со месо, зеленчук, овошје и јајце е всушност една вкусна калориска бомба.

KiwiBurger
Нов Зеланд

Слично како австралискиот, само наместо ананас овој сендвич има киви.

Mince Pie
Велика Британија

За време на празниците, во „Мекдоналдс“ во Велика Британија се продава нивниот омилен специјалитет – солена пита со мелено говедско месо, зачинето со цимет, каранфилче и морско оревче.

The Flaming Hot Doritos Quarter Pounder
Мексико

Ова е всушност лут доритос чипс со гвакамоли сос. Се разбира, типично за земја како Мексико.

„МcCriollo
Колумбија

Ова е сендвич од плескавица и кајгана во баничка.

„Mc Empanadas“
Чиле

Во Чиле, наместо помфрит, во „Мекдоналдс“ најчесто нарачуваат од нивните емпанадас.

Greek Mаc
Грција

Овој сендвич е сличен како „БигМек“, но дополнително има ѕаѕики салата и е во тортиља. Го има во комбинација со говедско и пилешко месо.

Се надеваме и очекуваме и кај нас дека „Мекдоналдс“ ќе направи сендвич во кој ќе им дел и од македонската кулинарска традиција.

Related Posts with Thumbnails