wordpress counter

EX YU специјалитети ги освојуваат САД

Според пишувањето на New York Times, американците повеќе не се господари на говедското месо. Специјалитетите од месо од поранешна Југославија буквално ги освоија жителите на големите градови. Според весникот, не постои поголема пасија за бургер од онаа за плескавицата која доаѓа од овие краеви.

Низ целиот Балкан, меленото месо е донесено до степен на уметност. Сараево е познато по ќебапите во форма на колбас кои се служат во лепиња или во порција. Сопственикот на српскиот ресторан „Кафана“, кој се наоѓа во Ист Вилиџ, Владимир Оцокољиќ, вели дека го отворил ресторанот најмногу поради носталгијата по Сараево и ќебапите.

Во годините по распадот на Југославија, многу доселеници од овие краишта почнаа да отвораат кафеани во Њујорк и Чикаго. Денес, овие места се секогаш полни и се бара место повеќе.

New York Times наведува дека освен плескавицата (чие подготвување е детално опишано) и ќебапите, кои се покарактеристични за Србија, Босна и Црна Гора, наведува и други специјалитети како што е нашиот ајвар и зимницата. Цената на една проција ќебапи се движи околу 400 денари.

Related Posts with Thumbnails