wordpress counter

Храната со најлош мирис на светот (2 дел)

Како и во првиот дел, така и сега продолжуваме со приказната наречена храна со најлош мирис на светот. Ако претходно ја посетивме Азија, сега ќе патуваме низ Америка, Африка и Европа.

Африка
Во западна Африка, остатоците од мешунките на багремот (оние со кои порано ги храневме козите во Зоолошка градина) не ги фрлаат. Ги оставаат да скапаат, при што се формира супстанција позната како „иру“, која се користи за зачинување на јадењата. Еднаш ако јадете, тоа ќе се чувствува во наредните неколку дена. Во јужна Африка популарно е и „бокомс“. Тоа се мали риби кои се чуваат во сол и се оставаат на сушење неколку дена на отворено. Тоа резултира со неверојатно моќен мирис.

Јужен Пацифик
Иако Тахити на сите ни изгледа како рај на земјата, мирисот на „фафару“ ќе ве врати во реалноста. Пијалакот направен од риба, лосос или шкампи, во комбинација со крем од кокос, ќе го „рашири“ вашиот здив до непредвидени граници. Од друга страна, можете да се препуштите и на „опојниот“ мирис на нони овошјето кое и покрај тоа што е полно со витамини и антиоксиданси, неговиот мирис може да ве натера да се изблуете.

Европа
Лимбургер сирењето во Бенелукс и Германија е едно од најмиризливите јадења во Европа. Следнава информација можеби ќе ви објасни повеќе – истата бактерија која се користи за ферментирање на ова сирење е онаа која го предизвикува мирисот под пазуви. Британците, пак, го имаат „Stinking Bishop“, кој мириса на соблекувална на рагби играчи. Тоа е резултат на ферментираниот сок од круши.

САД
Медисон, Минесота се гордее на својот „Lutefisk“. Неговото потекло е скандинавско, но жителите на Минесота веќе го сметаат за свое. Бела риба се потопува во каустична сода со денови, за да се добие незаборавна арома. Потоа се пече или вари со путер и се добива желе изглед. Во Западна Вирџинија уживаат во кромидот и лукот, а ако се најдете во Брадфорд, Пенсилванија, не заборавајте да го посетите „Stinkfest“. Името сè си кажува.

Related Posts with Thumbnails