wordpress counter

Кратка приказна за кулинарските тајни

Едно од легендарните кулинарски места во Луисвил, Кентаки е клубот Пенденис. Фамата за ова место се прошири со помош на еден посебен сос – Original Henry Bain’s Sauce. Тајниот рецепт за овој сос е создаден некаде во 19-от век од страна на шефот Хенри Бејн. Оттогаш, рецептот, со генерации се пренесува од готвач на готвач. Барем досега, тајната формула никој не успеал да ја украде.

Илјадници фанови на овој јак и пикантен сос безуспешно се обидуваа да го направат во домашни услови. Дури, некое време се верувало дека тајната лежи во посебен вид на скиселен црн орев. Постојат и компании кои се обидувале и се обидуваат да го купат тајниот рецепт.

Денешниот сопственик на Пенденис, сепак, реши да ја сподели тајната со остатокот од светот. Сосот го подготвуваат и пакуваат сами и може да се купи во продавниците. Секако, без рецептот за негова подготовка. Преставува одлична замена за сосот за скара (омилен кај американците), како и на кечапот кога станува збор за испржено парче месо.

Ова е прв текст од серијалот за кулинарските тајни низ светот. Веруваме дека ќе биде интересно да се запознаеме со вистинските мајстори на готвењето за кои досега не слушнал никој.

Related Posts with Thumbnails