wordpress counter

Мирисот на минатото

Ninth street во Њујорк станува тематски парк на минатото. Се отвараат или се обновуваат некогаш постоечки ресторани и на тој начин се враќа мирисот на некои минати, поубави времиња. Можеби некој ќе не обвини за носталгија, но рестораните во минатото имаа повеќе дух и атмосфера отколку сега.

Еден од тие ресторани е „Lion“. За него е врзана една интересна приказна од 60-тите години. Имено, во овој ресторан (кој во тоа време бил геј клуб) секоја недела се одржувале натпревари за луѓе кои имаат некаков талент. Една вечер, како учесник се појавила и Барбара Стрејсенд, која победила и ја добила главната награда – бесплатна вечера. Така и започнала нејзината кариера.

Целата атмосфера, изглед, мебел, музика и сѐ останато буквално е пресликано од времето на 60-тите години. И токму тоа е новиот тренд во ресторанскиот бизнис во Њујорк. Истата насока ја следат и други реинкарирани ресторани, кои црпат инспирација од таверната Минета или мотелот Вејверли.

Сопствениците на овие објекти велат дека сакаат да бидат противтежа на космополитен културата која ја промовира популарната серија и филм „Сексот и градот“. Според нив, ова е единствен начин да се врати боемскиот Њујорк и да се спречат таканаречените дискотеки со храна – огромни ресторани кои собираат многу народ и кај кои не постои никакво доживување при консумирањето на храната.

Related Posts with Thumbnails